халоген | прид.
Хемиски елемент што при допир со метал гради соли. Халогени елементи се: бром, јод, флуор и хлор.
халогенка | ж.
Халогена светилка.
халофит | м.
Растение што опстојува на солени почви, најчесто на морското крајбрежје.
халуцинант | м.
Тој што страда од халуцинации, тој што халуцинира.
халуцинантен | прид.
Што се однесува на халуцинант и халуцинација.
халуцинација | ж.
Привидение, лажни сетилни реакции како резултат на нервно растројство. Ноќна халуцинација.
халуцинира | несв.
Страда од халуцинации, има халуцинации. Не беше при свест, халуцинираше.
халф | м.
Играч во екипен спорт (фудбал, ракомет и сл.) што помага во играта и во нападот и во одбраната. Десен халф.
халф-линија | ж.
Преден, одбрамбен ред, линија од тројца халфови.
хамбург | м.
Вид винова лоза и грозје. Лозјето беше посадено со хамбург.