Хамбург | м.
Град во Германија.
хамбургер | м.
Сендвич со тркалезно парче леб, со плескавица и додатоци (пржени компири, разни видови свежа салата – домат, краставица, марула, зелка итн.).
хамер | м.
Посебен вид хартија за цртање. Бел хамер. Хамер во боја. На ѕидовите во училницата висеа хамери со исечени сликички и со текстови во краснопис.
Хамерфест | м.
Најсеверен град во Норвешка и во цела Европа
хан | м.
Владетелска титула кај Татарите и Монголите.
хангар | м.
Монтажен објект со голема површина за сместување авиони и други направи за летање.
ханзапласт | м.
Парче фластер со газа за покривање на рани.
Хановер | м.
Град во Германија.
Ханој | м.
Главен град на Виетнам.
хаос | м.
Отсуство на ред и поредок, состојба на збрканост, неред; Економски хаос. Емотивен хаос. Хаос во мислите. Куќата беше во хаос.