хазардер | м.
Тој што игра игри на среќа, што игра хазардни игри.
хазардира | св. и несв.
Стави, става сè на коцка; игра хазардни игри.
Хаити | и.
Остров и држава во Карипското Море, Средна Америка.
хакер | м.
Тој што умешноста и знаењето за работа со компјутер ги користи за нелегален упад во големи компјутерски системи и внесување компјутерски вируси и сл., заради имотна корист или свое лично задоволство.
хала | ж.
Голема, пространа просторија. Фабричка хала. Саемска хала.
халабука | ж.
Врева, викање, метеж, неред. Направи една халабука и си отиде.
Халдеја | ж.
Древно кралство во Месопотамија.
халиф | и.
халифат | м.
Халкидики | ср.
Полуостров во Грција.