хроника | ж.

Бележење на настаните по хронолошки ред; летопис. Хроника од боиштата. Хроника на настаните пред инцидентот.

хроничар | м.

Тој што пишува хроники; летописец. Доследен хроничар. Хроничар на своето време.

хроничен | прид.

За болест што има продолжено времетраење и потешко се лекува; акутен. Хронична главоболка. Хронични болести. Хронично воспаление на синусите.

хронички | прид.

хронологија | ж.

Прикажување на настаните, појавите, процесите по редот на нивното случување.

хронолошки | прид.

Што се однесува на хронологија. Хронолошки истражувања.

хронометар | м.

Специјален астрономски часовник.

Хуаскаран | м.

Планински врв во Перу, Јужна Америка.

хубертус | м.

Лесен непропустлив мантил. Скинат хубертус.

хула | ж.

Груб напад со зборови, навреда, исмевање на нешто што е свето. Безбожна хула.