хулахоп | м.
Обрач што се користи за вртење околу телото во спорт или за рекреација.
хулахопки | и.
Вид чорапи со гаќички.
хули | несв.
Напаѓа грубо со зборови, навредува, исмева нешто што е свето. Не хули на Бога.
хулиган | м.
Тој што е груб, што се однесува со отпор и потсмев кон утврдените морални и културни вредности.
хулиганство | ср.
Свесно грубо, непристојно однесување и нарушување на јавниот ред и мир со цел изразување отпор и презир кон општеството и кон достоинството на човекот.
хулител | м.
Тој што хули;
хулник | м.
Тој што хули;
хуман | прид.
Што е човечен во постапките, достоен на човекот; човекољубив, милосрден. Хуман сограѓанин. Хумана професија. Хумани пораки.
хуманизам | м.
(истор.) Прогресивно движење во филозофијата, науката и уметноста од XIV и XV век коешто се темели врз почитување на човечкото достоинство и ослободување од феудалните и црковните догми. Хуманизам во сите пори на општеството. Процут на хуманизмот и ренесансата.
хуманизација | ж.
Прифаќање и применување на ставот втемелен на човекољубие и почит кон човековото достоинство.