ценка се | несв.
Се нагодува, се договара, се обидува да постигне цена во своја корист. Секогаш се ценка кога купува на пазар.
ценовник | м.
Список на стоки, услуги и сл. со означени цени. Ценовник на такси‒услуги. Ценовник на јадења.
ценост | ж.
Вредност, драгоценост. Културни цености.
цент | м.
Стоти дел од американскиот долар и од паричните единици на некои други земји. Еден долар и педесет центи.
цента | ж.
цент.
центар | м.
(мат.) Точка што е еднакво оддалечена од сите точки на кружницата или од површината на топката.
центарфор | м.
Играч што игра во средината и го организира нападот во фудбал. Центарфорот го поведе нападот.
центархалф | м.
Играч што игра во средината и ја организира одбраната во фудбал. Центархалфот добро го одигра мечот.
централа | ж.
Главна служба, седиште на највисоката власт или управа на некоја установа, банка, претпријатие, организација и др.; филијала. Централа на банка. Централа на фирма.
централен | прид.
Што се наоѓа, што е сместен во центарот на нешто. Централна точка. Централен плоштад. Централен дел.