ценет | прид.
Што има висока цена, висока вредност. Ценета кожа. Ценети производи.
ценз | м.
цензор | м.
(истор.) Висок чиновник во Стариот Рим кој вршел проценка на имотот, надзор над јавниот морал и давал под закуп државни имоти.
цензорство | ср.
Служба, должност на цензор. Цензорството го сметаше за добра професија.
цензура | ж.
(истор.) Должност на цензорот во Стариот Рим.
цензурен | прид.
Што се однесува на цензура. Цензурна постапка.
цензурира | св. и несв.
Изврши, врши цензура. Уредникот го цензурираше текстот. Телевизијата ги цензурира снимките од протестите.
цензус | м.
(истор.) Процена на имотот на граѓаните во Стариот Рим заради распределување во даночни групи.
цени 1 | несв.
Определува, утврдува цена или вредност во пари на нешто што се продава или што се надоместува. Купувачот ја ценеше куќата. Винарите го ценеа грозјето. Штетата од поплавите ја ценеа во милиони денари.
цени 2 | несв.
Ангажира некого за момок, слуга и сл. во побогато семејство.