цепи | несв.

Сече дрво по должина удирајќи со остар предмет (со секира и сл.); сече дрва на помали парчиња погодни за огрев. Цепеше дрва во шумата. Ги цепи дрвата со секира.

цепивлакно | ср.

Лице што испитува до ситници, до најмалите детали; ситничар. Ја сметаа за цепивлакно.

цепка | несв.

Цепи на ситни парчиња, дели на ситни делови. Ги цепкаше дрвцата во дворот. Цепкаше борина.

цепка | ж.

цеп.

цеплив | прид.

Што може да се цепи. Цепливо дрво. Цепливо платно.

цепнатина | ж.

Долг и тесен отвор во нешто направен со цепење; пукнатина. Ѕиркаше низ цепнатините на штиците.

цепне | св.

Цепи еднократно или не многу;

цепник | м.

Дебело дрво на кое се цепат дрва. Седеше на цепникот.