чатал | м.

Раздел на дрво, гранка во форма на вила. Носеа стапови со чатал на крајот.

чаталест | прид.

Што е со чатал, со чатали. Чаталесто дрво. Чаталеста бука. Чаталести гранки.

чатали се | несв.

Се двои, се дели на две. Сокаците се чаталеа таму околу чешмата.

чаталија | прид.

Чаталија врба.

чатално | прил.

Во вид на чатал. Две дебели гранки чатално се шират.

чати | несв.

Попот чати.

чатија | ж.

Дрвена конструкција на покрив. Ветровите ги кренаа чатиите и оџаците на куќите. Мајсторите работеа на чатијата.

чатма | ж.

(арх.) Ѕид направен од прачки, дрвени летви, облепен со кал. Куќарката беше од чатма.

чатма-веѓи | и.

Споени веѓи.

чатмалија | прид.

(арх.) Што е од чатма, како чатма.