чат-пат | прил.

Понекогаш, одвреме-навреме; по нешто, по малку. Наминува чат-пат. Чат-пат вадам по некоја пара, нема работа. Чат-пат разбирам по некој збор.

чаура | ж.

(бот., зоол.) Обвивка кај некои организми или нивни органи.

чауш | м.

(истор.) Подофицерски чин во турската војска. Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни.

Чачак | м.

Град во Србија.

чачорка | ж.

Жена што многу зборува, многу се кара; кавгаџика.

чаша | ж.

Сад за пиење течност, најчесто од стакло, пластика и др. Винска чаша. Ракиена чаша. Чаша за чај.

чашка | ж.

Дем. од чаша. Чашка ракија.

чај | м.

(бот.) Тропско или суптропско растение од чии листови се подготвува чај; Camellia sinensis; Thea chinensis. Плантажи чај.

чајанка | ж.

Забава на која се служи чај.