чембало | ср.
Жичен музички инструмент со клавиши, сличен на клавир.
чембер 1 | м.
Челичен обрач, прстен.
чембер 2 | м.
Превез, бело фино платно; шифон.
чемер | м.
Отров, јад, горчина; голема грижа, тешка мака. Насобраниот чемер го излеа на детето. Душата му е полна чемер и јад.
чемерен | прид.
Што е полн со горчина, со јад, со чемер. Чемерни зборови. Чемерна приказна.
чемерика | ж.
Вид многугодишно отровно растение кое расте на влажни места; Veratrum album. Бела чемерика. Труење на добитокот со чемерика.
чемпрес | м.
чемрее | несв.
Тагува, копнее, страда, венее по / за нешто. Таа чемрееше по мажот во туѓина. Тој чемрееше по својата земја. Невестата чемрееше за сопствена рожба.
ченгел | м.
Железна кука на која месарите го обесуваат месото и за други намени. Го закачија јагнето на ченгел и почнаа да го дерат. Фенерите закачени на ченгели го осветлуваа балконот.
ченгија | ж.
(арх.) Професионална забавувачка што танцува и пее; танчарка.