челичарница | ж.
Фабрика за челик.
челичен | прид.
Што е од челикЧелична прашина. Челична цевка. Челично јаже.
челичи | несв.
Прави да биде јак, отпорен, издржлив, како челик; Го челичи детето уште од мало.
челник | м.
Тој што е на чело на некаква организација, движење, орган на власта итн.; водач, предводник. Челници на партијата. Челник на организацијата. Го фатиле челникот на задругата. Средба на челниците на општините.
чело 1 | ср.
Дел од лицето на главата на горниот дел меѓу очите и косата. Збрчкано чело. Ведро чело. Таткото го бакна синот в чело. Пушката ја впери во челото на војнкиот.
чело 2 | ср.
Вид музички инструмент; виолончело.
челопек | м.
Место каде што сонцето силно пече; присој.
челуз | м.
Половина слог во нива. По рабовите на челузите растат секакви треви. На браздата помеѓу два челуза стои кошот.
челуст | ж.
(анат.) Вилица на животно. Челуст на ранет волк.
челустен | прид.
Што се однесува на челуст. Челусна коска.