четкарник | м.
Ѕидна торбичка или кутија во која се чуваат четки.
четник | м.
Учесник во борбите за национално ослободување од османлиската власт; комита. Првин учествувал во борбите како четник, а потоа и како војвода.
четников | прид.
Што му припаѓа на четник.
четништво | ср.
Дејност на четник, четничко движење.
четоводец | м.
Тој што води, што раководи чета.
четрак | м.
Бунар со чекрек.
четува | несв.
Дејствува во чета. Тој четува веќе втора година.
Чехословачка | ж.
Некогашна држава во Европа.
Чеченија | ж.
Автономна област во Русија.
чечка | несв.