чешла | несв.
Со помош на чешел или четка средува коса, брада, мустаќи. Таа ја чешла косата на патец. Малото девојче грижливо ја чешлаше косата со четка. Ја чешлаше брадата пред излегување од дома.
чешлар | м.
Тој што изработува и што продава чешли.
чешларница | ж.
Работилница за изработка на чешли.
чешларче 1 | ср.
Мала везена торбичка во која стои чешелот.
чешларче 2 | ср.
Мала појна птица со црно ‒ жолти крила со расчешлано, развласено гнездо; трнарче; Carduelis carduelis.
чешлачка | ж.
Таа што чешла некого.
чешлика | ж.
Растение, еден вид трн со кругли цветни глави; Dipsacus silvestris.
чешма | ж.
Обѕидан извор или место каде што дотекува изворска вода која истекува од една или неколку вградени шопурки. Селото имаше две чешми. Маалска чешма. Чешма со две шепурки.
чешмарка | ж.
Вода од чешма а не од шише, флаширана. За него кисела, а за мене една чешмарка.
чешмен | прид.
Што се однесува на чешма. Чешмена вода, а не бунарска.