чешмеџија | м.
Тој што прави и поправа чешми.
чешмурка | ж.
Цевка од која истекува вода; шопурка. Од чешмурката едвај течеше водичка.
чешне 1 | св.
Почеша кратко, сосем малку некого. Го чешна детето да се разбуди.
чешне 2 | несв.
Откинува со тргање, со растргнување; Чешне една гранка од јаболкницата. Волците го чешнат јагнето на сите страни.
чешоглавец | м.
Мрзлив човек што окраставел од мрза и само се чеша по главата.
чибук | м.
Направа за пушење во вид на цевка, обично убаво украсена. Долг чибук со килибар на крајот.
чибукар | м.
Тој што изработува и што продава чибуци.
чивија | ж.
Плоскато, кон едната страна заострено парче дрво или железо што служи за расцепување по должина; клин. Ги остави настрана и чеканот и чивијата.
чивилак | м.
Направа за закачување алишта; закачалка. Го обеси палтото на чивилакот во ќошот.
чивит | м.
(бот.) Растение од кое се добива темносина боја, индиго; Indigofera tinctoria.