чивија | ж.
Плоскато, кон едната страна заострено парче дрво или железо што служи за расцепување по должина; клин. Ги остави настрана и чеканот и чивијата.
чизија | ж.
Линија, црта. Чизија бразда.
чизма | ж.
Вид обувка, обично кожена, висока до коленото или над него. Кожени чизми. Војнички чизми. Рибарски чизми.
чизмар | м.
Занаетчија што изработува чизми.
чизмарство | ср.
Чизмарски занает.
чик! | изв.
Извик со кој некој се предизвикува да направи нешто; ајде, ајде де! Чик, погоди што се случува. Чик, дојди ако смееш!
Чикаго | ср.
Град во САД.
чикер | м.
Грозд. Чикер грозје. Чикер малинки.
чикмак | м.
Ходник, коридор, пасаж. Се поблиску сум до чикмакот, до портата. Тргајќи го во чикмачето крај сокакот.
чикме | ср.
Продолжен дел од куќата кон портата.