чикулец | м.

Делови од двете страни на задниот дел од самарот во форма на куки на кои се држи ортомата и товарот.

чик-чирик! | изв.

Извик за подражавање на чирикање на птици. И низ поле шири вик / чик-чирик! чик-чирик!

чилаш | прид.

За коњ ‒ што е со дамки по телото.

чиле | ср.

Определена количина конец за везење намотан на посебен начин, во вид на снопче. За везење и требаа неколку чилиња свила во две бои.

Чиле | ср.

Држава во Јужна Америка.

Чимборазо | ср.

Вулкански врв во Еквадор.

чин | м.

Тоа што е направено, резултат од дејство. Чин на добра волја. Визионерски чин.

чинар | м.

Вид јавор; Platanus orientalis. Ќе се најдеме кај чинарот.

чинган | прид.