чингелаќе | ср.

Мала игла за плетење тантела од едната страна свиткана во вид на кука.

чинген | прид.

Што е од чинго, емајл; чинган. Чингена чинија.

чинго | ср.

чинголира | ж.

Имитација на златна лира. Таксана е, таксана е чинголира / не ми сака, не ми сака чинголира / тук ми сака, тук ми сака бело лице.....

чинели | и.

Музички ударен инструмент. Удира на чинели.

чини | несв.

За производ на трудот ‒ има определена цена, вреди во пари. Колку чини фустанот? Секирата чинела најмногу десет гроша.

чинител | м.

Тоа што го условува постоењето на нешто, причина или услов, движечка сила, фактор. Настава во која учениците се чинители, а не пасивни набљудувачи. Актуелниот проблем го условуваат голем број чинители.

чинија | ж.

Сад за јадење од порцелан, бронза, стакло, пластика и др. Порцеланска чинија. Стаклена чинија.

чинка | ж.

Магија, ритуал со магиско дејство. Таа го држеше со чинки. Не е од болест, туку е од чинка. Оживувале мртви и симнувале чинки од слепи.