чиновник | м.
(арх.) Вработен во државна администрација, установа или претпријатие, човек со постојана работа и плата. Поштенски чиновник. Општински чиновник. Ситни чиновници.
чиновникува | несв.
Врши чиновничка служба.
чиновништво | ср.
Занимање или служба на чиновник.
чинодејствие | ср.
Црковен обред што свештеникот ја извршува во црква, голема црковна богослужба.
чинодејствува | несв.
Врши религиозен обред во црква.
чиноначалствува | несв.
Води, раководи со религиозен обред, со литургија.
чинтијани | и.
Дел од долна женска носија, обично кај жените муслиманки; шалвари.
чинчила | ж.
(зоол.) Вид глодач со скапоцено густо крзно; Chinchilla.
чип 1 | м.
Жетон во некои хазардни игри.
чип 2 | м.
Во електрониката ‒ електронски склоп создаден како еден неделив дел, обично на силициумска плочка.