чирак 1 | м.
Ученик при мајстор занаетчија.
чирак 2 | м.
Свеќник на кој се ставаат една или повеќе свеќи. На масичката стоеше сребрен чирак со запалена свеќа.
чираклак | м.
Учење занает како чирак.
чиракува | несв.
Поминува време како чирак. Тој чиракува кај терзијата пет години.
чирика | несв.
За појни птици ‒ издава глас чик-чирик или сл.; цвркоти. Врапците чирикаа на пролетното сонце. Во грмушките чириликаа славејчиња.
чириш | м.
(бот.) Растение од чиј корен се добива лепило; Asphodeline taurica.
число | ср.
Број.
чист | прид.
Што не е валкан, што не е загаден; нечист, валкан, загаден. Чиста крпа. Чисти чевли. Чиста куќа. Чиста вода. Чиста униформа.
чистач | м.
Работник што чисти, што одржува чистота. Чистач на чевли. Чистач во основно училиште.
чистеница | ж.