чистач | м.
Работник што чисти, што одржува чистота. Чистач на чевли. Чистач во основно училиште.
чистеница | ж.
чисти | несв.
Отстранува нечистотија од нешто, прави нешто да биде чисто. Ја чисти својата соба. Таа по цел ден чисти.
чистилиште | ср.
Место каде што се чисти.
чистина | ж.
Место без дрвја, полјанка во шума. На една чистина застанавме да се одмориме. На една чистина пасеше стадо овци.
чистка | ж.
Отстранување на непријателски елементи од партија, кружок и сл. поради идејно-политичко застранување. Чистка во партијата.
чисто | прил.
На чист начин, без нечистотии, без валканици. Жената држеше многу чисто.
чистовина | ж.
чистокрвен | прид.
Што е со чиста крв, што е од ист род, од иста раса. Чистокрвна раса. Чистокрвна кобила.
чистосортен | прид.
Што е од чиста сорта. Чистосортни вина.