чистотник | м.

Човек што посветува големо внимание на чистотата.

чистотништво | ср.

Особина на чистотник. Чистотништвото беше нивна семејна карактеристика.

чита | несв.

Препознава букви во пишан текст, со или без изговор, осознавајќи ја содржината. Знае да чита и да пишува. Првачето чита на глас збор по збор. Чита книга. Чита писмо.

читав | прид.

Што е цел, неповреден, неоштетен.

читак | м.

Погрден назив за Турчин во времето на Отоманската империја. Да си ја видиме сметката со читацине.

читалишен | прид.

Што се однесува на читалиште, што припаѓа на читалиште. Читалишниот хор.

читалиште | ср.

Дом на култура, организација со библиотека и други активности со цел за ширење на културата и просветата. Преку читалиштата се создавале навики за организиран општествен живот. Основале читалиште и пејачка група.

читалница | ж.

Просторија во библиотека и сл. определена за читање. Тој беше редовен посетител на читалницата.