читална | ж.
читалница | ж.
Просторија во библиотека и сл. определена за читање. Тој беше редовен посетител на читалницата.
читаник | м.
читанка | ж.
Книга со текстови пригодни за определно подучување. Учениците читаа еден текст од читанката.
читател | м.
Тој што чита определена литература, книги, весници, списанија, автори; тој што чита во читална, во библиотека и сл. за свои потреби и задоволство. Новиот роман предизвика интерес кај читателите. Читателите на весникот ги следеа неговите прилози со големо интересирање.
читач | м.
Тој што чита определен текст во некоја пригода, обично на глас. Читач на вести. На плажата имаше многу читачи на стрипчиња.
читко | прил.
читлив | прид.
Што може лесно да се чита. Читлив ракопис. Читлив текст. Читлив запис на маргините на книгата.
читок | прид.
чифлиг | м.
Во време на Отоманската империја ‒ феудален земјоделски имот. Беговски чифлиг. Турски чифлизи.