чифлигар | м.
Сопственик на чифлиг. Да те правам чифлигар, да ти го продадам чифлигот сосе луѓе. Бегот држел во кулата млади измеќари, да се знае дека се чифлигари.
чифлигарин | м.
чифлигарство | ср.
Чифлигарски систем, феудален систем во Отоманската империја.
чифлигџија | м.
Земјопоседник, сопственик на чифлиг
чифт | м.
а) Два еднакви предмета што одат во пар, што се носат, што се употребуваат заедно и истовремено за иста намена (чевли, чорапи, влечки, чизми, ракавици и др.); пар, рало. б) Дел од облеката што има два еднакви дела (панталони, гаќи и др.).
чифте | ср.
Вид ловечка пушка со две цевки; двоцевка. Го зеде чифтето и отиде на лов.
чифтелија | прид.
(арх.) Пиштол со две цевки. Чифтелија пиштол.
чифте-чамче | ср.
Вид машко народно оро.
чифтоса | св.
Состави, здружи во чифтови.
чифт-тек | м.
Вид детска игра со парни и непарни броеви.