чичков | прид.

Што му припаѓа на чичко. Чичкова нива. Тие се чичкови пријатели.

чичов | прид.

чичков.

чиш! | изв.

При обраќање кон мало дете за да мокри.

чиша (се) | несв.

Во детскиот говор ‒ моча.

чиј 1 | зам.

Придавска заменка со која се искажува припадност кон нешто или кон некого. Никој не знае чие е детето. Девојката чиј глас се слуша е мојата најмала сестра.

чијшто | сврз.

Во зависно сложени односни (релативни) реченици, во составот на зависната дел- реченица во функција на сврзувачки збор за односно надоврзување, упатувајќи на припадност кон дел или кон целата главна реченица.

чкембар | м.

Тој што продава или што приготвува чкембиња.