чук | м.

чекан.

чук! | изв.

Извик за подражавање на звук што се слуша при чукање. Чук, чук! ‒ Кој чука?

чука | ж.

Каменита височинка, каменлив врв. Висока чука. Споменикот беше на врвот на чуката.

чука | несв.

Удира со нешто. Ковачот чукаше со чеканот. Наставникот повремно чукаше со пенкалото по катедрата. Птицата чукаше со клунот по стаклото од прозорецот. Молчи, некој чука на врата.

чукалка | ср.

Направа со која се чука на порта, при обработка на некои земјоделски култури ('рж, грав, ореви и др.) и сл. Со дрвени чукала ги чукаа оревите. Со чукалка го чукаа гравот. Со чукалото чукна на портата

чукан | прид.

Најчесто за овен ‒ што е скопен. Чукан овен.

чуканица | ж.

Слама добиена со чукање. 'Ржана чуканица.

чукар | м.

Стрмна и каменлива височинка. Селаните се разбегаа по блиските чукари. Накачи горе кај чукарите.

чукнат | прид.

Глаголска придавка од чукне. Чукнат прст.