чудија | ж.

Чудо, чудесија.

чудникав | прид.

Што е по малку чуден. Ми се виде чудникав.

чудо | ср.

(мит.) Натприродна појава, настан, случка што е спротивна на природните законитости, што не може да се толкува со познатите природни закони. Чудата на пресвета Богородица. Божје чудо.

чудовиште | ср.

(мит.) Фантастично митско суштество со големи димензии, необично, грозно што предизвикува страв, ужас. Морско чудовиште. Железно чудовиште. Од мочуриштето излегло едно чудовиште со две глави.

чудовиштен | прид.

Што наликува на чудовиште, што има лик или особини на чудовиште. Чудовишна сенка. Чудовиштен полип.

чудотворен | прид.

Што може да прави чуда. Чудотворна икона. Чудотворна вода. Чудотворен лек. Чудотворна моќ. Чудотворни сили.

чудотворец | м.

Тој што прави чуда ‒ обично епитет за светец. Тој бил лекар и чудотворец. Свети Илија чудотворец.

чуе | св.

Прими нешто со сетилото за слух (звук, глас и сл.). Тој чу лаеж на кучиња. Соседите чуле силен женски писок. Го чу телефонот и се јави.

чуен | прид.

Глаголска придавка од чуе.

чук | м.

чекан.