чапја | ж.

Преселна птица што живее на блатно земјиште, бела или сива, слична на штрк; Ardea.

чар | ж.

Голема волшебна убавина, привлечност, заводливост. Чарот на народната уметност. Имаше незаборавен чар во очите. Беше запленет од тој мирен чар на пролетната утрина

чардак | м.

Трем на кат пред собите, покриен балкон. Летно време спиеја на чардакот. На чардакот отворен од три страни седеа гостите и мезеа.

чардак-боја | ж.

Вид жолта боја за под од штици.

чардаклија 1 | прид.

Куќа што е со чардак, што има чардак, чардаци.

чардаклија 2 | ж.

Лозница поткрената на столбови.

чардаш | м.

Вид народен унгарски танц.

чаре | ср.

Спас, излез од некоја ситуација, помош. Треба да се бара чаре, друго нема. Чарето е најдено, ќе ја мажи ќерката во чорбаџиска куќа.

чарк | м.

Тркало со запци на некаков механизам, запченик, часовник. Чарк на воденица. Бунарски чарк.