чарклија | прид.
Што е со тркало со запци. Чарклии мамузи. Пиштол чарклија.
чарлстон | м.
Вид брз американски танц.
чаршаф | м.
Покривка на постела, на јорган, на маса и сл. обично од памучно или ленено платно. Чаршафи од дамаст. Креветски чаршаф. Јоргански чаршаф. Чаршаф за на маса.
чаршилија | м.
чаршиски | прид.
Што се однесува на чаршија; што ѝ припаѓа на чаршија. Чаршиски човек. Чаршиски живот. Чаршиски муабети.
чаршија | ж.
Дел од градот во кој се сместени трговски, занаетчиски и услужни објекти и дуќани. Чаршијата беше преполна народ, беше пазарен ден. Имаше дуќан на најубаво место во чаршијата.
чаршијузлија | м.
чаршузлија | м.
Трговец, човек од чаршијата. Чаршијата ја преземаат нашите чаршузлии.
час | м.
Мерка за време, единица што се дели на 60 минути. Дојдовме пред половина час. Состанокот траеше три часа. По седум часа работа завршивме со ѕидањето.
часкум | прил.
Веднаш, во истиот момент. Луѓето часкум престанаа да плачат. Часкум сфати дека згрешил.