шарада 1 | ж.

Еден вид загатка, ребус, чијшто одговор е даден преку комбинација од значењата на други дадени поими (зборови, бројки, цртежи).

шарада 2 | ж.

Индиско писмо што се употребува за кашмирските и некои други јазици.

шарач | м.

Изработувач на шари, орнаменти, цртежи во различни бои со шарање и сл. Шарачот го остави приборот до ѕидот. Шарачите ги украсуваа глинените предмети.

шаргија | ж.

Голема тамбура со повеќе жици. Стара шаргија.

шарен | прид.

Што е со различни бои, разнобоен; што има шарки на себе. Шарен фустан. Шарени стомни. Шарена шамија. Шарена одаја. Шарени прекривки. Шарени чорапи.

шаренее се | несв.

Изгледа шарен, разнобоен. Облеката се шаренее на повисока температура при перењето.

шаренило | ср.

Особина на тоа што е шарено. Шаренилото на тутунот. Шаренилото на цветната градина.