шапкарница | ж.

Место каде што се произведуваат или каде што се продаваат шапки, капи и сл. Во градот има две шапкарници. Прво работеше дома, а потоа отвори шапкарница.

шапкарство | ср.

Изработка на шапки, капи и сл. како стопанска дејност. Индустриско шапкарство.

шаплив | прид.

Болен од шап. Шаплив добиток.

шапшал | м.

Несериозен, недоветен, глупав човек, будалетинка. Маалски шапшали. Јас излегов шапшал.

шар 1 | м.

Шара, шаренило. Пролетен шар. Шар по ѕидот и по ходниците.

шар 2 | м.

Топка. Земниот шар.

Шар Планина | ж.

Планина во Македонија.

шара | ж.

Цртеж, дел од цртеж во повеќе бои. Прекрасни шари споени во единство. Светла шара по небото. Везени шари. Мрежести шари. Геометриска шара.

шара | несв.

шарабија | прид.

Што има боја како црвено вино, винова боја. Фустан шарабија.