шастиса се | св.
Се шашардиса.
шатира | св. и несв.
Обои, обојува, фарба прамени од косата со посветла боја. Таа ја шатира косата.
шатка | ж.
Вид водна птица; пајка; Anas. Домашна шатка. Питома шатка. Дива шатка. Специјалитет од шатка.
шаткин | прид.
Што е од шатка или ѝ припаѓа на шатка. Шаткини пердуви. Шаткини јајца. Шаткино гнездо.
шаток | м.
шатор 1 | м.
Мажјак од шатка. Низ дворот се шеташе бел шатор.
шатор 2 | м.
Подвижно времено засолниште направено од платно или од друг вид материјал што не пропушта вода прицврстен на метална или дрвена рамка. Живеалишта во шатори. Летување во шатор. Во кампот имаше дваесетина шатори.
шаторест | прид.
Што има облик на шатор, што личи на шатор2. Шатореста конструкција на две води. Шатореста слива. Шатореста смрека.
шат-пат | прил.
Одвреме-навреме, понекогаш, ретко. Тој доаѓа шат-пат. Шат-пат дава по некоја паричка.
шатра | ж.
шатор