шебој | м.
Растение, вид цвеќе со убави жолти (пурпурни, портокалови) цветови и убав мирис; Cheiranthus cheiri. Градина полна со трендафили и шебои. Грстка жолт шебој.
шев | м.
Спој, врска направена со шиење на два дела од платно, кожа и друг вид материјал. На палтото одзади имаше шев.
шевен | прид.
Што има шев, што е со шев. Шевни цевки.
шевиот | м.
Вид волнена ткаенина, штоф за изработка горна облека; твид. Палто од шевиот.
шевро | ср.
Обработена кожа од коза што се употребува за изработка на обувки, облоги за мебел и сл. Стол со шевро. Чевли од шевро.
шега | ж.
Смешна, хумористична кратка приказна, нешто кажано за забава, со цел да насмее, да расположи некого; досетка, виц, шака. Цела вечер кажуваше шеги за русокоси. Иронична шега. Раскажува шеги.
шегајлив | прид.
шеган | м.
Вид горна селска облека изработена од бело сукно.
шегач | м.
шегачи се | несв.
Прави шеги, се потсмева. Тој само се шегачи со девојката.