шегаџија | м.
Тој што се потсмева, што прави шеги со другите, што сака да се шегува. Голем шегаџија. Непристоен шегаџија. Маалски шегаџија.
шегобиен | прид.
Што е потсмешлив, шеговит. Шегобиен тон. Шегобијно момче.
шегобиец | м.
Лице што се потсмева, што се шегува со другите. Грд шегобиец. Млад шегобиец. Голем шегобиец.
шеговен | прид.
Што е потсмешлив, подбивен, несериозен. Шеговни зборови. Шеговни писма. Шеговна пофалба.
шеговит | прид.
Што умее да се шегува, духовит, забавен. Шеговито момче. Шеговити другари.
шегува се | несв.
Кажува или прави шеги. Тој се шегуваше пред гостите и ги засмејуваше. Таа се шегуваше и постојано наздравуваше.
шегун | м.
Горна облека, палто од дебело, бело сукно; гуна, гуња. Над кошулите девојките носеле шегуни извезени со цветови. Дебел шегун.
шедба | ж.
Прошетка. Шедба шета младата невеста.
шеесет | бр.
Основен број шестпати поголем од десет, се бележи со бројката 60. Шеесет и осум. Шеесет и трети. Шеесет и тригодишен.
шеесет- | претс.
Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека тоа што го означува основата од другиот дел од сложенката има шеесет: шеесетгодишен, шеесетгодишник, шеесетгодишнина, шеесетдневен, шеесетмесечен.