шизла | ж.
шизма | ж.
Отпадништво од црковната заедница; Раскол Големата шизма.
шизматик | м.
Приврзаник на шизма, на раскол во една верска заедница; отпадник, расколник. Самарјаните биле сметани за шизматици.
шизофреник | м.
Лице што страда, што боледува од шизофренија.
шизофреничар | м.
шизофренички | прид.
Што се однесува на шизофреник и на шизофренија. Шизофренички симптоми. Шизофреничко однесување. Шизофренички напад.
шизофренија | ж.
Тешко душевно заболување, поматување на умот придружено со халуцинации и со регресивно однесување, забеганост при што личноста емотивно се подвојува и губи контакт со реалноста; во народот познато како младешко лудило.
шик 1 | и.
м. Пенесто, лажно злато; станиол. Прстенот не бил златен, туку бил шик.
шик 2 | и.
м. Елеганција, елегантност. Без шик и без стил нема напредување во модната индустрија. На прославата имаше блесок и шик.
шика 1 | несв.