шикоса | св.

Накити, украси, посребри, позлати со шик, со златна или со сребрена боја. Ѕидовите ги шикосале со златни и сребрени шарки.

шикосан | прид.

Што е обоен со шик, со златна или со сребрена боја. Шикосани ѕидови. Шикосана рамка за слика.

шиле | ср.

шилегар | м.

Овчар што пасе шилежиња.

шилеже | ср.

Јагне од една година што е одбиено од овцата, пораснато јагне. Месо од шилеже. Изедоа едно цело шилеже.

шилер | м.

Вид вино добиено со мешање на одбрани сорти црно и бело грозје. Испи едно шише шилер старо 50 години. Во визбата чуваа шилер од минатиот век.

шилест | прид.

Остар, што има остар врв, изострен на крајот како шило; што личи на шило, на острец. Шилест врв. шилести уши. Шилеста форма. Шилест гребен. Шилести рогови. Шилест нос.

шилец | м.

Изострен, остар врв на некој предмет или самиот предмет; буцкало_1, шило. Истапен шилец. Опасен шилец на врвот од столбот. Метален шилец. Шилец на молив.

шилешки | прид.

Што се однесува на шилеже или што е од шилеже. Шилешка кожа. Шилешко месо.

шили | несв.

Остри, прави да биде нешто шилесто, остро. Тој ги шилеше моливите.