шилинг | м.

Парична единица, монета што се користи во Англија, помала од фунта.

шило | ср.

Метална или дрвена прачка со шилец на врвот и со дршка од другата страна што служи за длабење, за правење дупки при обработка на кожа и др. Чевларот имаше една кутија полна со различни шила. Правеше дупки на кожата со едно остро шило.

шилте | ср.

Мала перница што се става на душек за потпирање. Шарено шилте. Свилени шилтиња. Седна на шилтето.

шилчест | прид.

Шилчести врвови.

шилчи | несв.

шимпанзо | ср.

Животно од фамилијата цицачи, вид мајмун од семејството на човеколики мајмуни помали по раст; Pan paniscus. Шимпанзата во зоолошката градина беа добро чувани.

шимшир | м.

Вид грмушка со зелени лисја, градинарско зимзелено украсно растение; Buxus sempervirens. Во дворот имаше шимшир висок еден метар.

шимширов | прид.

Што му припаѓа, се однесува на шимшир, што е од шимшир. Шимширова гранка. Шимширови лисја. Шимширово дрво.

шина | ж.

Метална лента, патека со цврста градба по која се движи воз или трамвај, составен дел од пруга. Возот јури по шините. Трамвајот се лизгаше по шините. Булки крај шините.

шинат | прид.

Што има повреден, извртен, истегнат, изместен, свиткан зглоб или тетива. Шината рака. Шинати нозе. Шинат врат. Шината половина.