широчина | ж.
широчок | прид.
Што е малку поширок од потребното, што не е преширок од определената мера. Чевлите ти се широчки. Фустанот е широчок во половината.
ширум | прил.
Широко, целосно отворено. Врата ширум отворена. Очи отворени ширум. Сетила ширум отворени.
шитка | несв.
Фрла, расфрла. Таа ги шитка книгите на сите страни.
шитне | св.
Фрли, расфрли, џитне. Таа го шитна палтото на троседот.
шифон | м.
Вид ткаенина, фино изработена свила или вештачки производ од памучни и синтетички влакна што наликува на неа. Првокласен шифон. Фустан од шифон.
шифоњер | м.
Дел од мебел со врата и рафтови, вид плакар што не е вграден во ѕид . Стар шифоњер. Во спалната имаше два шифоњери.
шифра | ж.
Избрани, определени, договорени знаци кои ги заменуваат општопознатите за да се заштити нешто и за да се употребува од избран број луѓе. Писмото беше напишано со шифри. Систем од броеви и шифри.
шифрант | м.
Лице што создава шифри;
шифрира | св. и несв.
Напише, пишува со тајни определени знаци, со шифри. Тие ги шифрираат писмата.