шифриран | прид.
Што е напишано со шифра. Шифриран текст. Шифрирани податоци. Шифрирана порака.
шиш | м.
Железен ражен
шишарка | ж.
Тркалезен, дрвенест плод на некои иглолисни, зимзелени растенија. Шишарките може да бидат женски и машки. Зелени шишарки. Зрели шишарки.
шишарковиден | прид.
Што има форма на шишарка, што личи на шишарка. Шишарковидни колачиња. Шишарковидни украси.
шише | ср.
Стаклен или пластичен сад за течност со карактеристични димензии, обично во цилиндрична форма, се протега во должина, потесен во широчина и со стеснет дел кон врвот. Стаклени шишиња. Пластични шишиња. Шишиња со широко грло. Шарени шишиња.
шишка 1 | ж.
Мали, зелени шишки на дрвото.
шишка 2 | ж.
Перче коса или кадра, локна пуштена над челото, пократки прамени коса што паѓаат врз челото и покриваат дел од него; Напред пуштил залижана шишка. Една шишка му паѓаше над очите. Долги шишки. Раздвоени шишки. Долги шишки на десната страна над челото. Шишките ѝ ги покриваа убавите очи.
шишка | несв.
Довикува некого, свирка или испушта звук (ш...ш...ш!, шт!) за да привлече внимание. Шишка по непознати жени. Шишка по девојчињата.
шишкав | прид.
Што има форма на шишка, шишарка; полн, дебел. Тој беше низок и шишкав. Шишкаво момче.
шишко | м.
Полн, дебел маж. Добродушен шишко. Млад шишко.