шамар | м.
шамата | ж.
Врева, викотница. Во куќата се крена голема шамата.
шамати | несв.
Прави врева, вреви, многу гласно зборува. Момчето шаматеше, а другарите со занес го слушаа.
шамивче | ср.
шамиче | ср.
Дем. од шамија.
шамија | ж.
Парче ткаенина што се користи за покривање на глвата или на вратот, еден вид поголема марама; Свилена шамија. Шарена шамија. Црна шамија. Жени со бели шамии на главата.
шамот | м.
Посебен вид глина за правење огноотпорни тули.
шамотен | прид.
Направен од шамот. Шамотна тула. Шамотни блокови.
шампањ | м.
Заштитено име на француско пенливо вино од областа Шампања. Во чест на гостите наздравивме со шампањ. Таа го чува овој шампањ за ретки пригоди.
Шампања | ж.
Област во Франција.