школски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на школа; училиштен. Школска година. Школски двор. Школска зграда. Школска табла. Школско ѕвонче.

школство | ср.

Организација и дејност на школите како воспитно-образовни установи, активност што ја опфаќаат школите и установите каде што се планира и се изведува просветна дејност. Реформа во школството. Систем во школството. Унапредување на школството.

школува | несв.

Праќа некого да учи, овозможува некому да оди на училиште, да посетува настава. Тој ги школуваше децата во странство. Таа го школуваше внукот.

школуван | прид.

Што е образован, учен; што се здобил со знаење, посетувал и завршил определена школа. Школувано момче. Школувана младина. Школуван човек. Школуван музичар.

Шкотска | ж.

Земја во Велика Британија.

Шкотско Море | ср.

Море меѓу Јужна Америка и Антарктик.

шкраба | несв.

Пишува, црта без ред, без план и без некоја определена цел и замисла; чкрта. Само шкраба по листот. Шкраба со часови.

шкрабаница | ж.

Безвредно напишано и нацртано нешто, чкртаница. Можеби од овие шкрабаници ќе излезе нешто. Безвредни шкрабаници.

шкрилест | прид.

Што се однесува и што изгледа како шкрилец. Шкрилеста плоча.

шкрилец | м.

Карпа, камен со мала цврстина со слоевита структура што лесно се делка како плочи.