шкрипи | несв.

Издава звук на шкрипење, со движење предизвикува специфичен звук, Гумите шкрипеа по патот. Таа шкирпеше со забите.

шкрипне | св.

Издаде, произведе специфичен звук; Вратата шкрипна и тој влезе во собата.

шкрт | прид.

Што е премногу штедлив во трошење пари и други средства. Шкрти родители.

шлаг | м.

Цврст, сладок крем од добро изматено масло од млеко што се употребува за торти и за слатки, обично се става на крајот и како декорација. Колачиња украсени со шлаг. Кафе со шлаг. Цврсто изматен шлаг. Колачињата имаат два шлага.

шлагворт | м.

Мисла (или само збор) што се употребува како основна и носечка, како насока за да се започне, да се поврзе или да се заврши дискусија, разговор за нешто. Шлагворт на темата и вистински предизвик.

шлагер | м.

Песна со ритам на модерен танц, певлива, лесна, прифатлива, актуелна, обично со љубовна тематика. Нови шлагери.

шлае се | несв.

Се шета, се движи без некоја определена цел; денгуби, безделничи. Тој само се шлае низ градот. Таа се шлае низ куќата.

шлак! | изв.

За подражавање звук што се слуша при некаков удар (шлаканица) или нешто течно што паднало, што се разлеало; Тој замавна и се слушна едно силно: шлак!

шлака | ж.

Талог, отпадок, згура што се добива при процесот на топење руда.

шлака | несв.

Произведува звук удирајќи со дланките во нешто или дланка со дланка. Тој шлака по масата додека зборува. Тие шлакаа со дланките во знак на протест.