шмугне се | св.
Побегне, се провлече бргу, отиде негде незабележливо. Таа се шмугна низ вратата. Таа без збор се шмугнала некаде. Јас се шмугнав од собата додека зборуваа за настанот.
шмука | несв.
Цица, внесува течност (како храна) со цицање. Девојчето бргу го шмукаше млекото. Лакомо шмука сок со цевче.
шмукалка | ж.
Апарат кој вовлекува прашина, вода и сл. и служи за чистење; правосмукалка. Електрични шмукалки.
шмукачка | ж.
шмукне | св.
Шмука малку, одеднаш;
шнајдер | м.
Кројач, шивач, лице што се занимава со кроење и шиење, со шнајдерство.
шнајдерство | ср.
Дејност, занает што опфаќа кроење и шиење облека.
шнира | несв.
Врзува, стегнува со врвка. Тој шнира самари.
шнит | м.
Крој, терк, нацрт, модел за нешто што треба да се шие. Шнит за здолниште. Шнит за машки панталони.
шницла | ж.
Тенко исечено парче месо, обично удина, обично приготвено со прженење. Телешки шницли. Пржена шницла.