шнола | ж.

Тока, штипка за прицврстување коса или на дел од облека што служи и како украс. Шарени шноли. Шнола за коса. Метална шнола. Дијамантска шнола.

шнур | м.

Усукана, памучна или свилена врвка, гајтан што служи за усукување, поврзување, пристегнување на делови од облека и сл. Елекот имаше црвени, свилени шнурови преку кои беа протнати златни копчиња.

шовинизам | м.

Идеологија, политика на претерано нагласен, агресивен и екстремен национализам, со непријателство и омраза против другите народи, раси, вери и земји.

шовинист | м.

Приврзаник и следбеник на шовинизмот. Балкански шовинисти. Локални шовинисти.

шовинистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на шовинизам и на шовинист. Шовинистички организации. Шовинистичка пропаганда. Шовинистичко движење.

шогун | м.

Воен владетел во Јапонија, титула што ја давал императорот и со која се овозможувало владеење со определена територија.

шогунат | м.

Област во Јапонија со која владее шогун.

шок | м.

(мед.) Состојба на нарушеност на сите функции на организмот, слабост, општо растројство на делови од системот или на целиот систем во организмот. Инсулински шок. Нервен шок. Електричен шок.

шокантен | прид.

Изненадувачки, вознемирувачки. Шокантни податоци. Шокантни бројки.

шокира | св. и несв.

Изненади, изненадува, зачуди, зачудува, предизвика, предизвикува шок. Таа ги шокира со своето облекување. Тој ги шокира со ненадејното доаѓање.