шпионира | св. и несв.

Изврши, врши шионажа, поткаже, поткажува, тајно пренесе, пренесува информации. Тој шпионира за тајни разузнавачки служби.

шпионски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на шпион. Шпионски акции. Шпионски информации.

шпионство | ср.

Дејност на шпион.

шпиритус | м.

Алкохол добиен преку ферментација на овошен сок, скроб, целулоза, меласа, а може и по хемиски пат, се користи за дезинфекција, конзервирање, чистење, против смрзнување и како гориво.

шпиритусен | прид.

Што е од шпиритус или се однесува на шпиритус. Шпиритусна ламба. Шпиритусен раствор. Шпиритусна дезинфекција.

шпирто | ср.

(само едн.) шпиритус. Чуваше шпирто во едно шише.

шпиртоса (се) | св.

Препарира со шпиритус.

шпиц | м.

Остар врв на некој предмет, врвот од шилец, шило; острило. Моливи со остри шпицови. Наострен шпиц.

шпица | ж.

Натпис што се појавува на почетокот или на крајот на филм, телевизиска емисија и сл. Одјавна шпица. Насловна шпица.