Шпицбершки Острови | и.

Норвешки острови во Арктичкиот Океан.

шпицест | прид.

Остар, заострен, што има форма на шпиц. Шпицести чевли. Шпицест клун. Шпицеста шапка.

шпон | м.

Деланка, ситен остар отпадок, делче од некој материјал при неговата обработка или распрскување, обично при обработка на железо. Остар шпон му влезе во окото и го повреди. При сечењето на цевката неколку шпонови му се залепија за нозете. Еден дрвен шпон летна и му ја повреди раката.

шпорет | м.

Кујнска печка, апарат во домаќинството за готвење храна. Шпорет на дрва. Електричен шпорет. Шпорет со рерна и со 4 рингли.

шпота | ж.

Само во изразот шпота-шпотосана со значење 'жена што служи за потсмев'.

шпотало | ср.

Тој што се потсмева и се поигрува со другите. Безобразно шпотало.

шпота се | несв.

Се потсмева, се поигрува. Таа само се шпота со нас.

шприц | м.

Медицински прибор (стаклен или пластичен) со игла што се става на врвот за внесување течности (лекови) во телото, под кожата, во мускулите и сл. Стерилизиран шприц. Шприцовите се за една употреба. Употребен шприц.

шприца | несв.

Прска, се распрснува во капки на сите страни. Водата шприцаше од пукнатата цевка. Од раката шприцаше крв.