шт! | изв.
За подражавање звук што се испушта при бркање некого (животно или човек) и за да се смири, да биде потивок. Шт, шт оттука немирни дечиња! Шт, ајде малку помирно и потивко!
штаб | м.
(воен.) Управен орган, помошно тело на командант на крупна воена единица (полк, бригада, дивизија, армија). Генерален штаб. Бригаден штаб. Штаб на армијата. Штаб на првата оперативна зона.
штабен | прид.
Што се однесува и што му припаѓа на штаб. Штабни простории. Штабна наредба. Штабна порака.
штава | ж.
Течност за штавење кожа. Целата просторија мириса на штава.
штавеј | м.
Повеќегодишно ливадско растение, додека се млади, неговите листови се користат во исхраната; Rumex. Сарма од штавеј. Салата од штавеј. Див штавеј.
штавен | прид.
Глаголска придавка од штави.
штави | св. и несв.
Обработи, обработува кожа со помош на штава, потопи во штава. Кожите ги штавеа во големи казани.
штала | ж.
Просторија каде што се чува добиток и храна за него. Голема штала крај куќата. Штали за говеда. Штала за молзни крави.
шталски | прид.
Што се однеусва на штала, што припаѓа на штала. Шталска крава. Шталско ѓубре. Шталски добиток.
штама | ж.
Беспрекорна тишина. Ноќна штама. Настана штама во просторијата кога влезе таа.