штит | м.

Дел од оружје што служи за заштита. Златен штит. Убав штит со гравура на лав.

штитарка | ж.

Фамилија на растенијата (едногодишни или трајни) како што се коријандер, магдонос, ким и др. зачински билки; Apiaceae. Пеперутките се хранат со нектарот на некои растенија од фамилијата штитарки.

штитен | прид.

Што штити, што заштитува. Штитни стакла.

штитеник | м.

Лице што е под нечија заштита (физичка, материјална и др.). Тој е негов штитеник. Тој е штитеник на кралот.

штитенички | прид.

Што му припаѓа или се однесува на штитеник. Штитеничка стипендија. Штитенички соби.

штитест | прид.

Што има форма, што наликува на штит. Штитести гради. Штитеста порта. Штитесто цвеќе.

штити | несв.

Прави заштита, чува, брани од нешто. Нафталинот ја штити облеката од молци. Таа го штитеше лицето од студот со волнен шал. Тој ги штитеше очите со темни очила.

штитник | м.

Платнени, пластични (или од некој друг материјал) заштитни маски за колената, за потколениците и за лактите што се користат при управување со велосипед, ролери, ролшуи, играње фудбал и сл. Кога се користат ролери кај многу мали деца, задолжително треба да има штитници на колената и на лактите.

штитовиден | прид.

Што има форма на штит. Штитовидни цветови. Штитовидна тепсија.

штитоносен | прид.

(зоол.) За вошка што ги напаѓа овошните насади и им причинува големи штети; Pseudococcus citri Risso. Сливова штитоносна вошка. Јаболкова штитоносна вошка. Подвижна штитоносна вошка.