штитоносец | м.
Војник задолжен да носи штит. Напред биле штитоносците.
штитоносител | м.
штица | ж.
Парче добро обработено дрво, плоскато и со определена правоаголна форма. Под од убаво изработени тенки штици. Прозорците беа обрабени со лакирани штици. Одеше по штицата и се тетеравеше. Штиците крцкаа под неа. Дабова штица.
штичка | ж.
Дем. од штица.
што 1 | зам.
Именска заменка. а) Во директни прашања самостојно или во индиректно прашање. Што? Што сака? Што работиш? Што јадеше? Со што се занимаваш? б) Во директни и индиректни прашања за лица или за предмети за изразување чудење, восхит, незадоволство, неверување и сл.; каков. Што човек е тој? Што работа е ова? Што жена беше? в) Во зависни исказни реченици. Треба да видиме што ќе правиме понатаму. Тој не знае што сака и што треба да направи. г) Во зависни односни реченици кога се упатува кон еден збор. Тој што дојде денеска е најстариот наш син. Работата што ја завршивме многу ќе ни помогне. Тие што сакаат да работат, нека се пријават.
што 2 | прил.
Во прашања кога се бара причината за определено дејство со значење – зошто. Што си се расплакала? Што стоиш тука? Што го гледаш така момчето?
што 3 | сврз.
а) Во односни (релативни) реченици каде што се јавува релативно надоврзување. Ние нема да соработуваме со вас под услови што ни ги диктирате вие. Ние сме едно семејство што се собира во недела на ручек. б) Во односни зависносложени реченици заедно со колку за да се изрази споредба врз основа на количество – колку што. Јадевме онолку колку што можевме.
што 4 | чест.
а) На почетокот при искажување туѓо мислење. Што велат некои наши сограѓани – нема мир ако нема дисциплина. Што вели поговорката – селото гори, а баба се чешла. б) (нар. поез.) Без некое посебно значење на почетокот на стихот. Ред ми реди млада невеста / Што ми реди до младиот девер.
што-годе | зам.
Неопределена именска заменка за посочување нешто неопределено, што и да е, што било, сеедно што. Зборува што-годе. Направи што било само да го спасиме детето. Дај ми што-годе да каснам, изгладнев.
штокне се | св.
Се стутка, се згрчи, се здрви; се однесува немоќно, несамостојно. Таа се штокнала во еден ќош и ништо не зборува.