штокче | ср.
Само во изразот штокче па на рогче ‒ потсмешлив одговор на прашањето „Што?“.
штом | сврз.
Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица за да најави или да потврди дејство што следува временски во главната реченица; откако, само2 (само што), тукушто, штотуку, кога Штом влезе во просторијата, сите се расположија. Штом излезе ти, тој се појави. Штом ќе забележат слабост, веднаш напаѓаат. Штом го виде, веднаш затрепери.
штоперица | ж.
Механизам за прецизно мерење време на спортски натпревари (спортски часовник) и во слични услови кога се определува време за определени активности. Времето се мери во секунди со штоперица. Доцна ја вклучи штоперицата. Часовник со штоперица. Штоперицата во часовникот беше расипана.
штопува | несв.
Прецизно мери време на спортски и сл. натпревари. Тој го штопуваше времето на трката на сто метри.
штос | м.
Интрига, сплетка, подбив, потсмев, измама Тој прави штосови со помладите ученици. Нејзините штосови сите ги научија. Смислуваше штос како да ги раскара сите. Евтини штосови. Вулгарен штос.
штосен | прид.
Современ, авангарден, впечатлив, што предизвикува внимание. Штосна облека. Штосна чанта.
штотуку 1 | сврз.
Во зависносложени временски реченици за да се изрази непосредно вршење на дејства или во многу краток интервал едно по друго; штом 1, само што. Штотуку излезе тој, ти се појави. Штотуку вечеравме, некој затропа на вратата.
штотуку 2 | прил.
Со временско значење, пред малку, пред кратко време, непосредно пред да се даде исказот. Штотуку падна снег. Снегот ги покри штотуку заживеаните гранки. Таа штотуку наполни петнаесет години. Циркусот штотуку дојде во нашиот град.
штоф | м.
Вид волнена ткаенина со различна дебелина за изработка облека, за прекривање мебел и сл. Волнен штоф. Дебел штоф. Квалитетен штоф. Женски штофови. Штоф за зимско палто.
штофен | прид.
Што е направен од штоф. Штофен фустан. Штофени панталони.